НБА

Бруклин го победи Милвоки, Харден се повреди (ВИДЕО)

Бруклин со 115-107 го победи Милвоки во првиот меч од полуфиналната серија на истокот, но не беше се така добро за Нетс, се повреди Џејмс Харден, една од главните ѕвезди во тимот. 

Бруклин тргна со победа против Милвоки, но црна точка на вчерашниот меч беше повредата на Џејмс Харден. Тој уште во почетните минути почувствува болка во бутниот мускул по што мораше да го напушти теренот. Се уште не се знае за колку сериозна повреда станува збор и колку долго ќе отсуствува од теренот.
 
Мечот беше неизвесен во првото полувреме кое заврш со предност на Бруклин од 63-61. Домаќините се одлепија во третата четвртина која ја добија со 35-23 и до крајот го задржаа водството за победа од 115-107.
 
Дурент со 29 поени и 10 сокови беше најдобар во составот на Бруклин, Ирвинг постигна 25 поени. Адетокумбо имаше учинок од 34 поени и 11 скокови но не можеше сам.
 
 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе