НБА

Бруклин го совлада Клиперс во Лос Анџелес и ја продолжи победничката серија (ВИДЕО)

Бруклин Нетс дојдоа до шестата победа по ред откако со 112-108 победија на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс, Џејмс Харден беше одличен. 

Бруклин кој е еден од најсериозните кандидати за титулата, имаше одлично издание во Лос Анџелес кај солидниот тим на Клиперс.
 
Отсуството на Дурент не се чувствува во изминатите натпревари, така беше и синоќа кога Џејмс Харден ја презема одговорноста.
 
Харден постигна 37 поени, имаше 11 скокови и седум асистенции, Ирвинг мечот го заврши со 28 поени. Во составот на Клиперс, Пол Џорџ постигна 34 поени, Ленард 29 поени и 13 скокови.
 
 
 
Резултати:
 
Њу Орлеанс - Бостон 120:115
Кливленд - Оклахома 101:117
Њујорк - Минесота 103:99
Орландо - Детроит 105:96
Торонто - Филаделфија 110:103
Атланта - Денвер 123:115
ЛА Клиперс - Бруклин 108:112
Милвоки - Сакраменто 128:115

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе