Специјални олимписки игри Абу Даби 2019

Бронза за кошаркарите на Специјалната олимпијада во Абу Даби!

Македонската кошаркарска репрезентација го освои третото место на Специјалната олимпијада во Абу Даби, уште еден медал за Македонија на големите хуманитарни игри.

Македонските кошаркари во мечот за третото место ја совладаа селекцијата на Буркина Фасо со 24:18 и го освоија бронзениот медал.
 
Овој успех се надоврзува на претходните, досега златни медали освоија Марио Мицковски и Стефан Трпковски во пливање. Ардијан Шабини освои сребро и бронза во атлетика, во овој спорт бронза освои и Сара Дураку.
 
На игрите во Абу Даби учествуваат преку 7000 спортисти од 190 земји и се натпреваруваат во 24 спортови.
 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе