НБА

Бостон вели дека не е готово, Селтикс го победија Мајами и се враќаат во игра (ВИДЕО)

Третиот натпревар од финалната серија на истокот му припадна на Бостон, Селтикс го победија Мајами со 117:106 и намалија на 1-2. 

По двете воведни победи на Мајами, Бостон дојде до триумф со кој остана во игра за пласман во големото НБА финале.
 
На синоќешниот дуел Селтикс водеа буквално од почетокот до крајот, Мајами во ниту еден момент немаше предност во натпреварот. Бостон во текот на последниот период имаше и водство од 20 поени разлика, а конечниот резултат гласеше 117:106.
 
Тејтум беше најдобар кај Бостон со 25 поени, 14 скокови и осум асистенции, иако повеќе поени од него имаше Браун, 26. Во составот на Мајами, Адебајо имаше 27 поени и 16 скокови, Драгиќ реализираше само 11 поени.
 
 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе