НБА

Бостон се врати од 32 негатива и го победи Сан Антонио, камбек на Леброн (ВИДЕО)

Бостон губеше со 32 поени разлика но на крај успеа да го победи Сан Антонио со 143:140, Леброн Џејмс се врати по повредата, но Лејкерс загубија дома од Сакраменто со 110-106. 

Бостон и Сан Антонио одиграа исклучително возбудлив меч во кој имаше и едно продолжение. Тејтум постигна фантастични 60 поени.
 
Пред крајот на првото полувреме Сан Антонио имаше 32 поени предност, но Бостон до крајот успеа да ја анулира негативата и по едно продолжение да дојде до триумф од 143-140.
 
Тејтум беше вистински предводник на тимот, постигна 60 поени, најдобар во Сан Антонио беше Дероузан со 30 поени.
 
 
Леброн Џејмс се врати во составот на Лејкерс, но не му помогна на тимот да дојде до победа над Сакраменто. Шампионот загуби со 110-106.
 
Леброн постигна 16 поени, имаше осум скока и седум асистенции, најдобар кај Лејкерс беше Ентони Дејвис со 22 поени и 11 скокови. Во составот на Сакраменто, Халибартон постигна 23 поени, имаше и десет асистенции.
 
 
Резултати:
 
Филаделфија - Атланта 126:104
Бостон - Сан Антонио 143:140
Кливленд - Вашингтон 93:122
Бруклин - Портланд 109:128
Мемфис - Орландо 92:75
Чикаго - Милвоки 98:108
Феникс - Јута 121:100
ЛА Лејкерс - Сакраменто 106:110

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе