НБА

Бостон реди победи, девети триумф во низа (ВИДЕО)

Во исклучително ефикасен натпревар Бостон со 140:133 го победи Вашингтон и ја забележа деветата победа по ред. 

Бостон ја продолжува одличната форма, овој пат настрада тимот на Вашингтон кој загуби иако даде дури 133 поени.
 
Првиот дел беше неизвесен, двете екипи се менуваа во водство, но во второто полувреме Бостон имаше контрола на резултатот, во еден момент водеше и со 16 поени разлика, на крајот победи со 140:133.
 
Најефикасен во Бостон беше Вокер со 25 поени, Татум постигна 23, а убедливо најбар на мечот беше Бил од Вашингтон кој реализираше 44 поени.
 
 
Одличната сезона ја продолжуваат и Лејкерс, овој пат тие убедливо го победија Голден стејт со 120:94. 
 
Леброн Џејмс беше најдобар во домашниот тим со 23 поени и 12 асистенции, Кузма реализираше 22 поени, Ентони Дејвис одмараше на овој натпревар. Во составот на Голден стејт, Расел постигна 21 поен.
 
 
Резултати:
 
Шарлот - Мемфис 117:119
Орландо - Филаделфија 112:97
Бостон - Вашингтон 140:93
Хјустон - ЛА Клиперс 102:93
Минесота - Сан Антонио 129:114
ЛА Лејкерс - Голден стејт 120:94
Портланд - Торонто 106:114

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе