НБА

Бостон продолжува да реди победи, триумфираше и во Шарлот (ВИДЕО)

Бостон Селтикс ја остварија шестата победа во низа откако убедливо со 108:87 го совладаа Шарлот на негов терен. 

По поразот во воведниот меч од новата сезона, Бостон реди само победи, ноќеска ја забележа шестата по ред.
 
Бостон водеше во текот на целиот меч, Шарлот немаше шанса, се беше извесно на овој дуел, на крајот Селтикс победија со 21 поен разлика 108:87.
 
Татум со 23 поени беше најефикасен во составот на Бостон, Хајвард постигна 20, кај Шарлот Бриџис реализираше 18.
 
 
Резултати:
 
Шарлот - Бостон 87:108
Сан Антонио - Оклахома 121:112
Феникс - Мајами 108:124
ЛА Клиперс - Портланд 107:101

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе