НБА

Бостон не се предава, со одлично второ полувреме намали на 3-2 против Мајами (ВИДЕО)

Бостон остана во игра во финалето на Истокот, „селтикс" утрово со одлично второ полувреме го совладаа Мајами со 121:108 и намалија на 3-2.

Мајами не ја искористи првата „меч топка“, „жешките“ добро го започнаа натпреварот, на средината од втората четвртина имаа +12 (40-28), но Бостон одигра одлично во продолжението па ќе има натпревар број шест во финалето на Истокот. 

Со брза транзиција и добра колективна игра во одбраната, „селтикс“ постигнаа 70 поени во вториот дел, дури 41 поен во третиот период, па на крајот славеа со 121:108 и намалија на 3-2. 

Џејсон Тејтум, кој постигна 17 поени во третата четвртина, мечот го заврши со 31 поен, а голема помош имаше од Браун, кој реализираше 28 поени. 

Во редовите на Мајами, Драгич со 23 поени беше најдобар поединец, Робинсон дуелот го заврши со 20 поени, а Батлер постигна 17 поени.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе