НБА

Бостон направи брејк и израмни на 1-1 во серијата со Мајами (ВИДЕО)

Бостон со победа од 127-102 се враќа од второто гостување кај Мајами, Маркус Смарт се врати и се промени играта на Селтикс кои израмнија на 1-1 и сега тие ја имаат предноста од домашен терен. 

Мајами и Бостон одиграа поинаков меч од првиот, ноќеска доминираа гостите, дојдоа до убедлива победа и израмнија на 1-1.
 
Разлика од првиот меч беше Маркус Смарт, тој го пропушти тој дуел поради повреда, но за вториот дуел се врати и само еден скок му недостасуваше за трипл-дабл учинок.
 
Покрај деветте скока, Смарт постигна 24 поени и имаше 12 асистенции. Најефикасен кај Бостон беше Тејтум со 27 поени. За Мајами повторно Батлер беше најдобар, овојпат со 29 поени.
 
Сега серијата се сели во Бостон, Мајами ако сака пласман во големото финале, потребна им е и гостинска победа.
 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе