НБА

Бостон ќе игра против Голден стејт во големото НБА финале (ВИДЕО)

Бостон со 100-96 победи на гостувањето кај Мајами во мајсторката, ја доби серијата со 4-3 и се пласираше во финалето каде ќе игра против Голден стејт. 

Бостон ја освои титулата на истокот откако беше подобар од Мајами во серијата во која гостите победуваа дури пет пати.
 
Бостон водеше во текот на целиот меч, но Мајами беше тука некаде недозволувајќи противникот да се одлепи. Во последните секунди, при негатива од 96-98, Батлер промаши шут за израмнување, потоа беше направена лична грешка, гостите дадоа уште два пени од слободни фрлања и победија со 100-96.
 
Тејтум со 26 поени и 10 скокови беше најдобар во составот на Бостон, кај Мајами Батлер постигна 35 поени, имаше и девет скокови, Адебајо реализираше 25 поени со 11 скокови.
 

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе