НБА

Бостон го доби дербито со Лејкерс (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс и Леброн Џејмс запишаа уште еден пораз, овој пат загубија на свој терен од Бостон Селтикс со 120:107.

Ѕвездата на Селтикс, Кајри Ирвинг постигна 30 поени, а Маркус Смарт додаде 16 за успехот на Бостон со 120:107 над Лос Анџелес Лејкерс во последното издание на дербито за оваа сезона во НБА.

На овој начин „Келтите“ се одмаздија на големиот ривал за поразот од пред еден месец, кога загубија на домашен терен со 128:129 со кош со сирената.

Бостон е на трето место во Атлантската дивизија и речиси сигурен за настап во плеј-офот, додека Лејкерс е на 11 место во Западната конференција со 30 победи и 36 порази.

Маркус Морис постигна 16 поени и 7 скока, а Гордон Хејворд додаде 15 поени за победниците, кои регистрираа трети успех во последните 4 натпревари при посетата во Калифорнија.

За Лејкерс само Леброн Џејмс беше на ниво, откако го забележа 80-тиот „трипл-дабл“ во кариерата, завршувајќи го натпреварот со 30 поени, 12 асистенции и 10 скока, како и седмо такво достигнување во дресот на „езерџиите“.

Домаќините не се потпираа на доста од нивните главни играчи, меѓу кои и Кајл Кузма, ЛонзоБол, Брендан Инграм, Тајсон Чендлер итн.

Резултати од НБА

Њујорк – Сакраменто 94: 102
Атланта – Бруклин 112: 114
Минесота-Вашингтон 135: 130 по продолжение
Лос Анџелес Лејкерс – Бостон 107: 120
Милвоки – Шарлот 131: 114
Портланд – Феникс 127: 120

 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе