НБА

Бостон е на победа до следната рунда, Оклахома намали против Портланд (ВИДЕО)

Бостон со 104:96 ја победи Индијана на нејзин терен и поведе со 3-0 во серијата, Вестбрук ја предводеше Оклахома до триумф над Портланд од 120:108.

Бостон е на само една победа до следната рунда во плејофот откако синоќа ја забележа и третата победа против Индијана, овој пат на нејзин терен.
 
Бостон тргна одлично, ја доби првата четвртина со 41:28, но беше лош во втората по што Индијана го презема водството, на полувремето домаќините водеа со 61:59. Но Селтикс има одлична трета четвртина во која на Индијана постигна само 12 поени. На крајот Бостон победи со 104:96.
 
Браун со 23 поени беше нјефикасен во составот на Бостон, Еванс даде 19 за Индијана.
 
Оклахома со 120:108 го победи Портланд и намали на 2-1 во серијата. Вестбрук немаше трипл-дабл овој пат, но повторно беше најдобар, даде 33 поени, имаше 11 асистенции и пет скокови. Лилард постигна 32 во тимот на Портланд.
 
Торонто со 98:93 победи на гостувањето кај Орландо и поведе со 2-1.
 
 
Резултати:
 
Орландо - Торонто 93:98
Индијана - Бостон 96:104
Оклахома - Портланд 120:108

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе