Лос Анџелес Клиперс создава силен тим, две големи ѕвезди следната сезона ќе го носат нивниот дрес.
Еден од најдобрите кошаркари во моментов, Каваи Ленард го одбра токму ЛА Клиперс по неговата шампионска сезона со Торонто.
Тој ќе потпише четиригодишен договор вреден 142 милиони долари.
А во ЛА Клиперс оди и Пол Џорџ кој беше трејдуван од Оклахома за Данило Галинари, Гилџесс Александер и четири пика од првата рунда на драфтот.
Со овие засилувања Лос Анџелес Клиперс станува еден од фаворитите за титулата.