Нов тим кој ќе се бори за титулата во НБА

Бомба во НБА, Каваи Ленард и Пол Џорџ ќе играат за ЛА Клиперс!

Каваи Ленард, шампионот со Торонто и МВП на финалето во следната сезона ќе игра во Лос Анџелес Клиперс, а таму оди и Пол Џорџ од Оклахома.

Лос Анџелес Клиперс создава силен тим, две големи ѕвезди следната сезона ќе го носат нивниот дрес.
 
Еден од најдобрите кошаркари во моментов, Каваи Ленард го одбра токму ЛА Клиперс по неговата шампионска сезона со Торонто.
 
Тој ќе потпише четиригодишен договор вреден 142 милиони долари.
 
А во ЛА Клиперс оди и Пол Џорџ кој беше трејдуван од Оклахома за Данило Галинари, Гилџесс Александер и четири пика од првата рунда на драфтот.
 
Со овие засилувања Лос Анџелес Клиперс станува еден од фаворитите за титулата.
 

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе