НБА

Богдановиќ со најдобрата партија во кариерата ја предводеше Јута до победа над Денвер и Јокиќ (ВИДЕО)

Бојан Богдановиќ имаше маестрално издание против Денвер, постигна 48 поени, најмногу во својата кариера, Јута победи со 127-120. 

Богдановиќ го доби дуелот со Јокиќ, но не само тоа, тој ја одигра својата најдобра партија во НБА кариерата досега. Стана првиот кошаркар на Јута кој постигна 45+ поени и притоа имал 8+ тројки на еден натпревар.
 
 
Денвер со позитива од еден поен влезе во последната четвртина, но Јута успеа да го сврти натпреварот и да дојде до триумф од 127-120.
 
Богдановиќ постигна 48 поени, имаше и осум скока. И Јокиќ на спротивната страна беше одличен, му фалеше еден скок за трипл дабл, тој постигна 24 поени, имаше 13 асистенции и девет скокови. Најефикасен во тимот на Денвер беше Портер со 31 поен.
 
 
Резултати:
 
Филаделфија - Њу Орлеанс 109:107
Чикаго - Бостон 121:99
Шарлот - Орландо 122:112
Мајами - Минесота 121:112
Милвоки - Минесота 141:133
Далас - Кливленед 110:90
Јута - Денвер 127:120
Феникс - Њујорк 128:105
Портланд - ЛА Лејкерс 106:101
Сакраменто - Сан Антонио 104:113

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе