Србинот на маса има нов договор

Богдановиќ калкулира по добрите партии на Мундобаскетот, малку му се 51 милион долари

Сакраменто му нуди нов договор на Богдан Богдановиќ и 51,4 милиони долари за четири години, но Србинот не брза и веројатно ќе почека до следното лето за да извлече уште некој додатен милион.

Богдан Богдановиќ ги користи одличните партии на Мундобаскетот за да си обезбеди што е можно побогат договор. Србија можеби разочара во Кина, но плејмејкерот беше повеќе од солиден, Светското првенство го заврши како прв стрелец, имаше просек од 22,9 поени по натпревар и беше избран во идеалната петорка.

Медиумите од САД сега пишуваат дека Сакраменто сака да го задржи Србинот и му нуди 51,4 милиони долари за четири години. Сепак, Богдан Богдановиќ калкулира и големи се шансите да почека до следното лето кога ќе стане ограничен слободен агент. Тогаш тој ќе може да добие повеќе пари од друг клуб, или од Сакраменто, со оглед на тоа дека „кралевите“ ќе имаат опција да ја изедначат било која понуда и да го задржат кошаркарот во своите редови.

„Би сакал да останам, сите знаат колку го сакам Сакраменто. Имаме одлична група на момци, во моментов сум среќен, Бев среќен и изминативе две години, но не сакам да избрзувам“ – вели Србинот.

„Можно е да потпишам нов договор веќе утре, или можеби за еден месец. Никој не знае, ќе видиме што ќе се случи...“ .

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе