НБА

Богдановиќ ја доби балканската битка со Дончиќ (ВИДЕО)

Ноќеска во НБА се одигра само еден натпревар, во неизвесна пресметка со продолжение, Детроит со 131-125 го победи Далас.

Натпреварот беше неизвесен во целиот тек, екипите се менуваа во водство. Највисоката предност ја имаше Детроит кога во финишот од третата четвртина се одлепи на 12 поени разлика. Далас успеа да се врати, да ја анулира таквата негатива и да го однесе мечот во продолжение. Резултатот во регуларниот тек беше 117:117. Во продолжението домашниот тим беше подобар и на крајот го доби мечот со 131:125.
 
Бојан Богдановиќ ја доби балканската битка со Лука Дончиќ иако постигна помалку поени од него. Словенецот имаше 35 поени и беше најефикасен на натпреварот, запиша и 10 асистенции, Хрватот со 30 поени беше најдобар во составот на Детроит.
 

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе