Богдановиќ од Сакраменто отиде во Атланта каде потпиша четиригодишен договор вреден 72 милиони долари.
Тој му беше соиграч на Перо Антиќ во Фенербахче, и вели дека тоа што Македонецот играл таму и што му раскажувал за Аталанта, влијаело врз неговата одлука да го облече дресот на Хоукс.
„Имам пријател кој настапуваше за Атланта, Перо Антиќ. Заедно игравме во Фенербахче, беше многу возбуден кога му кажав дека можам да играм за Хоукс, ми помогна во носењето на одлуката. Знам дека беше тажен кога си замина од Аталанта и дојде во Турција“, изјави Богдановиќ.
Богдановиќ беше блиску до потпис со Милвоки, се веруваше дека ќе му биде соиграч на Адетокумбо, се предомисли и одлучи да потпише за Атланта.