Симонс во првата четвртина постигна 23 поени, а на полувремето имаше 33 поени. Тоа е најмногу поени од еден кошаркар на Портланд постигнати во првите 24 минути.
На крајот Симонс средбата ја заврши со 45 поени и беше најдобар на теренот. Имаше одлична поддршка и од Грант кој реализираше 33 поени. Најдобар во составот на Јута беше Кларксон со 24 поени.
Резултати:
ЛА Клиперс - Сакраменто 96:123
Шарлот - Милвоки 96:105
Минесота - Оклахома 128:135
Торонто - Орландо 121:108
Голден стејт - Хјустон 120:101
Јута - Портланд 111:116