НБА

Блескава партија на Ленард за победа на Клиперс против Сан Антонио (ВИДЕО)

Кавај Ленард имаше одличен меч против својот поранешен клуб, тој беше најзаслужен за победата на ЛА Клиперс против Сан Антонио Спарс. 

Сан Антонио го доживеа првиот пораз оваа сезона, а причина за тоа беше нивниот поранешен играч Кавај Ленард. ЛА Клиперс го доби мечот со 103:97.
 
Ленард беше убедливо најдобар на теренот со 38 поени и 12 скока, Харел реализираше 24. Во составот на Спарс, Де Розан постигна 29 поени.
 
 
Никола Јокиќ и Денвер имаа лош меч на гостувањето кај Њу Орлеанс Пеликанс каде загубија со 122:107.
 
Јокиќ постигна 13 поени за Денвер, најефикасен на мечот беше Окафор од Њу Орлеанс со 26 поени, неговиот соиграч Инграм реализираше 25.
 
 
Резултати:
 
Атланта - Мајами 97:106
Њу Орлеанс - Денвер 122:107
ЛА Клиперс - Сан Антонио 103:97

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе