Мундобаскет 2019

Бјелица искрен по разочарувачката елиминација: Србијо извини, играв како го*но!

Немања Бјелица превзеде дел од вината за шокантниот пораз на Србија во четвртфиналето на Мундобаскетот од Аргентина, вели дека одиграл како го*но.

Србија пристигна во Кина како еден од фаворитите и откако отвори со две убедливи победи, обложувалниците ја сместија како прв фаворити за златото.

Но популарните „орли“ не само што нема да се борат за највисок пласман, останаа и без медал откако попладнево беа шокирани во пресметката со Аргентина за четвртфиналето.

За разочарувачката елиминација, дел од вината превзеде Немања Бјелица, кој вели дека одиграл под своите можности.

„Ова е тежок пораз за нас и нашиот тим, сакам да се извинам на сите луѓе во Србија кои веруваа во нас. Можеби сме подобар состав од Аргентина, но очигледно тие имаа поголема желба за победата од нас во овој момент. Не бевме психолошки подготвени за овој натпревар, особено јас како еден од лидерите на овој тим. Можам да признам дека одиграв како го*но. Кога на крајот видовме како тие слават, со солзи во очите, тоа покажува колку го посакуваа овој триумф. Го заслужија ова“ – вели Немања Бјелица.

„Ние сме сјајна група кошаркари. Не изгубивме поради тоа што сме арогантни, едноставно не бевме психолошки подготвени. Можеме со часови да разговараме но овој пораз е претежок, ме убива, вложивме многу труд ова лето“.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе