Евробаскет 2022

Бесот од поразот од БиХ, Дончиќ го истури врз Германија, Србија рутински го совлада Израел

Лука Дончиќ одигра брилијантна партија против Германија за победа на Словенија од 88-80, Србија со 89-78 го совлада Израел. 

Дончиќ по поразот од Босна и Херцеговина беше лут, вознемирен, па овојпат ги презема работите во свои раце и донесе победа на Словенија.
 
Тој постигна 36 поени и имаше 10 скокови, Драгиќ овојпат доби поголема минутажа и реализираше 18 поени. Во составот на Германија, Шрудер беше најдобар со 19 поени.
 
Србија продолжи со перфектниот учинок, овојпат дојде до триумф над Израел од 89-78. Јокиќ со 29 поени и 11 скокови беше најдобар на теренот, Мициќ постигна 19, кај израел Мадар реализираше 20.
 
Во другите мечеви од денот постигнати се следниве резултати: Италија - Хрватска 81:76, Грузија - Бугарија 80:92, Финска - Чешка 98:88, Унгарија - Литванија 64:87. Грција - Украина 99:79, Црна Гора - Шпанија 65:82, БиХ - Франција 68:81, Естонија - Велика Британија 94:62, Холандија - Полска 69:75, Белгија - Турција 63:78.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе