Нема желба за играње кошарка

Бартомеу предложи, клубовите прифатија: Крај на сезоната во Евролигата

Најелитното кошаркарско првенство на стариот континент нема да продолжи, на денешниот состанок, клубовити го прифатија предлогот на Жорди Бартомеу за крај на сезоната во Евролигата.

Продолжението на сезоната во Евролигата подолго време висеше во воздух, имаше многу неодговорени прашања и покрај предлогот сезоната да се доигра во еден град (Белград и Каунас беа опции).

Кошаркарите беа најголеми противници, стравуваа за сопственото здравје и здравјето на своите најблиски поради пандемијата од коронавирус, како и можноста да се повредат кога ќе се вратат на паркетот по долгата пауза.

Денеска состанок одржаа клубовите со А лиценца, генералниот извршен директор Жорди Бартомеу педложил крај на сезоната и сите го прифатиле ова. Па Евролигата нема да продолжи, нема да биде прогласен шампион и никој нема да испадне.

Се очекува во текот на денот да биде испратено официјално соопштение со повеќе детали.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе