НБА

Балканското дерби во НБА за Јокиќ, Србинот со звукот на сирената донесе победа, на Дончиќ не му се веруваше (ВИДЕО)

Никола Јокиќ ја доби пресметката со Лука Дончиќ, утрово Денвер на домашен терен славеше против Далас со 100-99 со кош на Србинот во последните секунди.

„Маверикс“ беа на добар пат да стават крај на серијата порази, на гостувањето кај Денвер имаа +10 на крајот од третата четвртина но завршните 12 минути ги одиграа катастрофално, па домаќините се вратија во игра и следуваше возбуден и драматичен финиш.

Лука Дончиќ превзеде одговорност во последниот напад на Далас, храбро тргна кон противничкиот кош и имаше монструзно забивање преку двајца играчи за водство од 98-99 на нешто повеќе од 5 секунди до крајот.

Но последниот збор го имаше Никола Јокиќ, центарот од тешка ситуација погоди со звукот на сирената и донесе триумф за Денвер од 100-99. И додека домаќините лудо славеа, Лука Дончиќ не можеше да поверува како останаа без победа и Далас го забележа 7-от пораз во низа.

Словенецот мечот го заврши со одлични бројки, му фалеше една асистенција за трипл-дабл. Тој реализираше 24 поени, 11 скокови и 9 асистенции.

Јокиќ исто така беше на прагот на трипл-дабл со 11 поени, 14 скокови и 8 асистенции.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе