МЗТ Скопје

Бакоч потпиша за МЗТ Скопје, Маслинко ја продолжува соработката

Нов кошаркар на МЗТ Скопје е Филип Бакоч, договорот го продолжи Андреј Масилнко, а има принова и во стручниот штаб во името на Дарко Радуловиќ. 

МЗТ Скопје продолжува да го формира тимот за следната сезона, денеска клубот соопшти три нови потписи од кој едно ново засилување, еден продолжен договор и една принова во стручниот штаб.
 
„Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Маслинко (23 год, 208 см) и следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако го продолжи на уште една година договорот со нашиот клуб.
 
За талентираниот крилен центар ова ќе биде четврта сезона во Аеродром, каде што првпат дојде во август 2017 година. Маслинко беше дел од тимот што стана шампион во 2019 година, како и што дојде до пехарот во Купот на Македонија една година претходно. Минатата сезона се наметна како еден од најважните играчи во составот предводен од Ѓорѓи Кочов, поради што од него се очекуваат уште подобри игри во сезоната која ни претстои.
 
Од денеска и официјално нов член на МЗТ Скопје Аеродром е уште еден перспективен висок кошаркар и тоа Филип Бакоч (24 год, 206 см), кој потпиша едногодишен договор со нашиот состав. Крилниот центар во февруари годинава првпат беше дел од подготовките на националниот тим на Македонија, но не доби шанса за настап на средбите против Естонија и Русија. Доаѓа од тимот на Еуроникел, а има играно уште и во АВ Охрид и во Карпош Соколи, со кој има настапи и во АБА и БИБЛ лигите.
 
Засилување има и за нашиот стручен штаб, кој од денеска е посилен за доскорешниот тренер на Вардар, Дарко Радуловиќ, кој во иднина ќе ја има функцијата помошник на првиот стратег Кочов. Станува збор за поранешен кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром од сезоните 2006/07 и 2008/09, кој во играчката кариера настапуваше уште и за Никол Ферт, Поло Трејд, Тоа сум јас, Фени индустри, Кожув, Куманово и Вардар, каде што во последните скоро пет години работеше прво како асистент, а потоа и како прв тренер.
 
Претходно, договорот го обновија капитенот Дамјан Стојановски и тренерот Кочов, а под обврска од минатата сезона се и Андреј Магдевски и Бојан Крстевски“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе