Мундобаскет 2019

Австралијанците има за што да жалат, Шпанија по две продолженија се избори за финале

Возбудливо полуфинале во Пекинг, Австралија водеше практично цел натпревар, но искусната Шпанија се врати од мртвите и по две продолженија славеше со 95-88.

Шпанија е првиот финалист на Мундобаскетот, „црвената фурија“ по 13 години ќе одново ќе се бори за злато. Австралија има за што да жали, водеше практично цел меч но загуби по две продолженија.

„Кенгурите“ на средината од третата четвртина имаа и двоцифрена предност, но искусната Шпанија не се предаде, полека ја топеше предноста и во завршницата поведе со 71-70. Пети Милс ја имаше победата во свои раце со две слободни на нешто помалку од 5 секунди до крајот, го погоди првото но го промаши второто, па се играа дополнителни пет минути.

Шпанија прва зададе удар со серија од 5-0, но Австралија одговори со иста мера па и првото продолжение заврши со егал. Сепак, долгата клупа на „црвената фурија“ дојде до израз во вторите пет минути, наметнаа темпо кое противникот не можеше да го следи и на крајот славеа со 95-88.

Марк Гасол со 33 поени беше прв играч на мечот, центарот на Торонто беше клучен за пресвртот и победата откако во второто полувреме и двете продолженија реализираше дури 29 поени. Рики Рубио мечот го заврши со 19 поени и 12 асистенции а Љуљ забележа 17 поени.

Пети Милс беше најдобар поединец на Австралија со 34 поени, Ник Кеј беше солиден со 16 поени, но другите кошаркари малку помогнаа, особено во продолженијата.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе