Мундобаскет 2019

Австралија е последниот полуфиналист на Светското првенство

Австралија со 82:70 ја победи Чешка и се пласираше меѓу четирите најдобри на Светското кошаркарско првенство во Кина.

Австралија не дозволи уште едно изненадување на Мундобаскетот, ја оправда улогата на фаворит и ја совлада Чешка за пласман во полуфиналето.
 
Чесите покажаа заби, се бореа достојно, речиси до самиот финиш од мечот беа во игра, но Австралија сепак е поквалитетна и заслужено победи.
 
Пети Милс со 24 поени беше предводник во победата на Австралија, во составот на Чешка Патрик Ауда реализираше 21 поен.
 
Во полуфиналето Австралија ќе игра против селекцијата на Шпанија, во другото полуфинале се среќаваат Аргентина и Франција.
 

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе