НБА

Атланта ја доби мајсторката со Филаделфија и ќе игра во источното финале, Феникс поведе против Клиперс (ВИДЕО)

Атланта со 103-96 победи на гостувањето кај Филаделфија и се пласираше во финалето на истокот каде ќе игра против Милвоки, Феникс славеше со 120-114 во првата финална пресметка со ЛА Клиперс. 

Атланта направи изненадување откако ја помина Филаделфија со 4-3. Синоќешната мајсторка беше изедначена, во текот на целиот меч екипите се менуваа во водство, а финишот им припадна на Хоукс за триумф од 103-96.
 
Хортер со 27 поени беше најефикасен кај Атланта, Јанг постгна 21, имаше и 10 асистенции. Кај Филаделфија, Ембид постигна 31 поен, имаше 11 скокови, дабл-дабл учинок забележа и Харис кој реализираше 24 поен и 14 скокови.
 
 
Во првиот финален натпревар на западот, Феникс со 120-114 го победи Лос Анџелес Клиперс и поведе со 1-0 во серијата.
 
Мечот беше изедначен до последната четвртина во која Феникс одигра подобро, дојде до победата и ја искористи предноста на домашен терен.
 
Букер беше брилијантен, направи трипл-дабл со 40 поени, 13 скокови и 11 асистенции. Кај Клиперс, Пол Џорџ беше најдобар со 34 поени.
 
 
Резултати:
 
Феникс - ЛА Клиперс 120:114 (1-0)
Филаделфија - Атланта 96:103 (3-4)

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе