ЦРВЕНА ЗВЕЗДА

Антиќ со 400.000 евра годишно е втор најплатен играч во Црвена Звезда

Медиумите од Србија го откриваат буџетот на Црвена Звезда за новата сезона, повратникот Перо Антиќ ќе биде втор најплатен играч со примања од 400.000 евра годишно

По десет години, Перо Антиќ одново ќе го носи дресот на Црвена Звезда, Македонецот оваа недела се обврза кон „црвено-белите“ во следните 12 месеци.

Медиумите од Србија сега пренесуваат дека тој ќе биде вториот најплатен играч во Белград.

За новата сезона, Црвена Звезда ќе има буџет од околу 3 милиони евра, а прв на списокот со плати е Тејлор Рочести, кој има примања од 500.000 евра.

Зад него е Перо Антиќ со годишна плата од 400.000 евра, а потоа следи Џејмс Фелдин со 350.000 евра.

Само за потсетување, Перо Антиќ во Фенербахче имаше плата од околу 1,3 милиони евра.

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе

Добронамерниот дијалог – поточно способноста да се види светот преку очите на други луѓе, посебно оние со кои не се согласуваме – никогаш не бил поважен од сега.

повеќе

Владата не би смеела самостојно да одлучува за ставање под концесија на минералните суровини како што предвидува постојниот закон.

повеќе