Претседателот на КФСМ не чувствува вина за неостварената цел

Антиќ: Не размислувам за оставка, играчите и селекторот ги прават резултатите, не ние

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ ја отфрли можноста да си поднесе оставка откако Македонија не успеа да се пласира на Европското првенство. 

Раководството на КФСМ, денеска одржа прес-конференција која следува по крајот на квалификациите за Евробаскектот 2022 кои ги завршивме на последното место во групата.
 
Антиќ распука по дел од медиумите и отфрли одговорност за резултатите.
 
„Ние уште од кога дојдовме на чело на федерацијата имаме притисок. Продолжуваме понатаму како и да е, знаеме кои медиуми и зошто го прават тоа и нека им е на чест. После еден пораз фрлаа со дрва и камења, а веднаш потоа ставот да се смени и да ’викаме браво’. Нека се удира по нас, оставете ги кошаркарите да играат на теренот. Сме биле играчи знаеме колку е важна поддршката од сите страни. Резултатите на крај остануваат на нив, на играчите и на селекторот,  не можеме ние да влеземе на терен и да играме наместо нив. Ние како федерација ги овозможивме сите услови на репрезентацијата, направивме сè што е во рамки на нашите можности. Не размислувам за оставка“, вели Перо Антиќ.
 
Се уште е непознато и дали Александар Тодоров ќе остане селектор. Спортскиот директор, Тодор Гечевски вели дека допрва ќе ја донесат одлуката.
 
„Договорот на Александар Тодоров потенциравме уште кога одржавме прес за негово претставување како селектор дека е врзан со пласман на Европското првенство, на кое за жал не се пласиравме. Сепак, го чекаме извештајот од селекторот кој треба да стигне наскоро. Потоа ќе има состанок на раководството и заедно ќе одлучиме дали договорот ќе биде продолжен. И кај нас се поделени чувствата во врска со овие квалификации. Момците покажаа карактер и тимска игра. Бевме блиску и до победа против Русија, но најверојатно неискуството и невоиграноста пресудија за да резултат биде таков каков што беше и да не се пласираме. На нас останува да продолжиме да работиме со младите, да организираме семинари и за нашите тренери, па на претквалификациите за Светското првенство во август да се покажеме во подобро светло“, вели Тодор Гечевски.
 
На прес-конференцијата, преку видео повик и самиот Тодоров кратко ги прокоментира квалификациите.
 
„Чувствата се измешани, не успеавме да се пласираме на Европското првенство, но има и причина за задоволство. Посебно од аспект на доведување на нови лица во репрезентацијата, како и начинот на кој игравме на двата натпревари против Италија и оној против Естонија. Нема што да се прави, продолжуваме понатаму. Јас сум оптимист затоа што во иднина сите кошаркари кои сега имаат 17-18 години ќе бидат поискусни и верувам дека со помошта на поискусните играчи Македонија нема да има проблем да се пласира на наредното Европско првенство. Репрезентацијата горе-долу е таа“, изјави Тодоров.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе