АНТИЌ ГИ ОДИГРА ПРВИТЕ МИНУТИ ПО ВРАЌАЊЕТО ВО ЗВЕЗДА

Антиќ: Имам бејзбол палка во соблекувалната, мораат да ме слушаат младите

Перо Антиќ ги одигра првите минути за Црвена звезда по неговото враќање во белградскиот клуб, импресиите кај навивачите но и кај македонскиот кошаркар се големи.

Во натпревар од Аба Лигата, Црвена звезда со 90:80 го победи тимот на Мега Бемакс. Антиќ одигра десет минути за кои постигна десет поени.
 
„Пресреќен сум што се вратив. По четири месеци ова ми е прв официјален натпревар. Се уште физички не се чувствувам како што треба. Тренерот постепено ме воведува во програмата. Среќен сум поради тимот, но и навивачите. Заслужена победа, одиме понатаму“ - вели Антиќ.
 
По десет години Антиќ повторно е играч на Црвена звезда.
 
„Исто како што беше во 2005. Чекав десет години да ги слушнам фановите. Инаку се е исто. Пионир е ист, соблекувалните се исти. Се враќаат спомените. Навивачите едноставно ги сакам, ова треба да се доживее, им благодарам“.
 
Запрашан дали го почитуваат младите кошаркари, Антиќ одговори:
 
„Имам бејзбол палка во соблекувалната, па мораат“.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе