Откако беше изгласан за нов претседател на МКФ

Антиќ: Да ја вратиме кошарката онаму каде што заслужува да биде

Новиот претседател на МКФ, Перо Антиќ вели дека малку му е чудно во новата улога но среќен е што ја доби можноста да ја предводи македонската кошарка. 

Перо Антиќ од денеска е нов претседател на Македонската кошаркарска федерација, тој како единствен кандидат едногласно беше избран на денешното изборно собрание.
 
„Среќен сум, но искрено малку ми е чудно во оваа улога. Мојата идеја е да составам силен тим од спортисти и луѓе од бизнис-секторот и сите заедно да работиме за кревање на кошарката, враќање на оптимизмот кога се говори за овој спорт. Приоритети има многу, од развој на младинската кошарка, до засилување на лигата и враќање на репрезентацијата онаму каде што посакуваме да биде, редовен учесник на големите натпреварувања“, изјави новиот претседател на МКФ, Перо Антиќ.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе