МЗТ Скопје

Андрија Бојиќ се врати во МЗТ Скопје

Андрија Бојиќ по кратката авантура во Романија, повторно се враќа во МЗТ Скопје со кој потпиша едногодишен договор. 

„Српскиот интернационалец, Андрија Бојиќ (27 год, 207 см) следната сезона повторно ќе настапува во дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша едногодишен договор со нашиот клуб.
 
Станува збор за центар, кој беше дел од аеродромската чета во финишот од сезоната 2017/18 како и во текот на сезоната 2018/19, во која на крајот се закити со шампионскиот трофеј. Минатото првенство го мина во романскиот тим Волунтари, по што повторно се врати во „Јане Сандански“. Бојиќ првите кошаркарски чекори ги направи во дресот на Мега Визура, по што играше за екипи како ОКК Београд, Борац Чачак, Младост Земун, КСЕ Јашбери (Унгарија), Полфарма (Полска) и романска Политехника.
 
Србинот е трето странско засилување за нашиот тим во пресрет на новата сезона во која влегуваме со највисоки амбиции во АБА2-лигата и во двете домашни натпреварувања, по Американците Феми Олуџоби и Хасани Гравет. Тренерот Ѓорѓи Кочов на располагање има и шест македонски репрезентативци и тоа Дамјан Стојановски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ и Филип Бакоч“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе