МЗТ СКОПЈЕ

Андреј Цветковски е ново засилување на МЗТ Скопје

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Андреј Цветковски потпиша две годишен договор со МЗТ Скопје.

Македонскиот шампион, МЗТ Скопје продолжува да се засилува, последна аквизиција е талентираниот бек Андреј Цветковски.
 
19-годишниот кошаркар од почетокот на подготовките е во МЗТ и тренира со останатите кошаркари. Македонскиот шампион оваа година ќе има поголем број натпревари бидејќи ќе игра и во Еврокупот па неопходен е широк ростер.
 
Цветковски минатата сезона беше дел од тимот на Работнички, но ова за него претставува враќање во МЗТ Скопје каде што настапуваше во младинските категории на тимот.
 
Тој е деветтиот кошаркар кој беше ангажиран летово. Претходно, договорни обврски со МЗТ Скопје потпишаа Американците Џош Скот, Џеремаја Мејси и Ксавиер Темс, Холанѓанецот Шарлон Клоф, Србите Ѓорѓе Дреновац и Урош Лучиќ, Хрватот Јуре Лалиќ како и членот на најдобрата македонска селекција, Марко Симоновски. Под договор се уште и неговиот колеги од националниот тим, Љубомир Младеновски и Адем Мекиќ.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе