Евролига фајнл-фор

Анадолу Ефес го победи Реал Мадрид и ја одбрани европската круна (ВИДЕО)

Во неизвесен меч со малку поени Анадолу Ефес го победи Реал Мадрид со 58-57 и втора година по ред стана Европски шампион. 

Финалето во белградската арена од самиот почеток беше неизвесно, борбата меѓу Ефес и Реал беше голема до последните секунди.
 
Во текот на третата четвртина Реал Мадрид дојде до највисоки девет поени предност, но како се ближеше крајот таа почна да се топи. Анадолу Ефес го сврте резултатот во последниот период и во една неизвесна завршница успеа да дојде до победа од 58-57.
 
Мициќ со 23 поени беше најдобар во составот на Ефес, кај Реал Мадрид, Таварес постигна 14 поени, имаше и 11 скокови.
 
 
Пред овој меч се одигра дуелот за третото место меѓу Барселона и Олимпијакос. Каталонците славеа со 84-74.
 

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе