МЗТ Скопје

Американско и хрватско засилување за МЗТ Скопје

Американецот Џабари Хиндс и Хрватот Марин Морнар се нови кошаркари на МЗТ Скопје.

МЗТ Скопје потпиша со две нови странски засилувања.
 
„Екипата на МЗТ Скопје Аеродром дополнително го засили ростерот за новата сезона, откако денеска беа ангажирани уште двајца интернационалци и тоа Американецот Џабари Хиндс (27 год, 181 см) и Хрватот Марин Морнар (26 год, 205 см), кои потпишаа едногодишни договори со нашиот клуб“, стои во соопштението на клубот во кое има и објаснување за квалитетите на играчите:
 
Станува збор за кошаркари со повеќе од солидно европско искуство, од кои се очекува да бидат од голема помош во обидот да се дојде до зацртаните цели, а тоа е одбрана на титулата, враќање на куп-пехарот и борба за врвот од табелата во АБА2-лигата.
 
Хиндс, кој игра на двете бековски позиции, доаѓа со епитетот најдобар стрелец во Полска настапувајќи за екипата на Кросно, во која на 30 средби просечно реализирал 21,7 поен заедно со 5,1 асистенција и 2,8 скока. Претходно, настапувал две сезони за Вест Вирџинија универзитетот, а ист период минал и во дресот на екипата од Универзитетот Масачусетс. Европската кариера ја почнува во тимот на Сигал Приштина (2016/17) со просек од 13,3 поени на вкупно 45 средби одиграни за оваа екипа. Потоа се сели во Унгарија, каде што игра за Атомерому, каде што на 34 средби просечно реализира 15,9 поени со 4,2 асистенции и 2,7 скока.
 
Морнар, пак, кој игра на позицијата крилен центар, без разлика што е роден во Загреб, нема настапувано за тим од Хрватска, а првите сериозни кошаркарски чекори ги прави во дресот на Универзитетот Лајола Меримаунт за кој настапува во периодот од 2012 и 2016 година. Најдобар учинок имал во претпоследната сезона во овој тим од НЦАА-лигата кога просечно реализирал 9,9 поени со 5,3 скока.
 
Европската кариера ја почнува во данскиот прволигаш Хорсенс (2016/17), додека следната година игра за шведскиот тим Борас. Јавноста на просторите од поранешна СФР Југославија подобро го запознава лани кога потпиша за црногорскиот АБА-лигаш Морнар. Таму не се задржа долго, па по одиграни 11 средби сезоната ја доврши во австриската екипа Флајерс Велс.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе