Настана „војна“ на социјалните мрежи по триумфот на Србија над САД на Мундобаскетот

Американски новинар ги разлути Србите: Имаат ли таму храна и интернет? (ФОТО)

Победата на Србија над САД на Мундобаскетот предизвика „војна" на социјалните мрежи откако еден американски новинар испрати провокативна порака за навивачите на „орлите".

Многумина очекуваа да гледаат како Србија и САД се борат за златото во Кина и ги одмеруваат силите во финале, но по неочекуваните порази од Аргентина односно Франција, двете репрезентации синоќа играа натпревар кој практично немаше никаква важност.

Во интересен меч, Србија на крајот триумфираше со 94-89, а победата предизвика „војна“ на социјалните мрежи откако еден американски новинар испрати провокативна порака.

Се започна со постот на новинарот на Ен-Би-Си, кој по катастрофалната прва четвртина на САД напиша: „Доколку планиравте да се разбудите рано за да ја гледате репрезентацијата на САД, подобро притиснете го копчето за одложување на алармот“.

На оваа објава реагираше новинар од американското КФЦ Радио, кој напиша: „Изгубивме од Србија во кошарка? Дали тие воопшто имаат храна во Србија“.

Овој коментар ги разлути Србите кои веднаш вратија и го почастија со „сочни“ навред и еден куп приватни пораки.

Новинарот потоа испрати уште една провокација и напиша: „Не знаев дека има интернет во Србија“.


Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе