СП кошарка жени

Американките се светски шампионки, четврти пат по ред

Кошаркарките на САД ја победија Кина со 83-61 во финалето на Светското првенство кое се играше во Австралија и четврти пат по ред се најдобри во светот. 

Кина пружи отпор само во првата четвртина, но не можеа многу да направат против силните Американки особено што играа без својата најдобра кошаркарка Ли Менг која не настапи во финалето поради висока температура.
 
На полувремето САД имаше водство од 43-33, а победата ја завери во третиот период во кој дојдоа до водство од преку 20 поени разлика. Конечниот резултат беше 83-61.
 
Најдобра во составот на САД беше Вилсон со 19 поени, Плам постигна 17. Најдобра кинеска кошаркарка беше Јуери Ли со 19 поени.
 
Мечот за третото место го доби домашната селекција на Австралија која со убедливи 95-65 ја совлада Канада.
 

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе