МЗТ Скопје

Американец кој лани потпиша за Орландо Меџик е ново засилување за МЗТ Скопје!

МЗТ Скопје го промовираше и второто странско засилување, станува збор за 24-годишниот Американец, Хасани Гравет кој лани имал потпишано договор со НБА тимот Орландо Меџик. 

Брзо откако го потврдија враќањето на Адем Мекиќ, МЗТ Скопје денеска објави уште едно засилување, се работи за американски кошаркар кој настапува на позицијата плејмејкер.
 
„Американскиот кошаркар Хасани Гравет (24 год, 188 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје Аеродром за новата сезона, откако денеска потпиша едногодишен договор со нашиот клуб.
 
Станува збор за одличен плејмејкер, кој лани во август потпиша договор со НБА-екипата на Орландо меџик, за која, сепак, не заигра, со оглед што беше префрлен во филијалата на овој тим во Џи-лигата, Лејкленд меџик. Во втората по квалитет професионална лига во САД, Гравет просечно реализираше 11,7 поени со 4,1 скок и 3,4 асистенции. Претходно, универзитетската кариера ја почнува во Пенсакола стејт, од каде што по една година преминува во Јужна Каролина, со која веќе во првата сезона доаѓа до фајналфор-турнирот во престижната НЦАА-лига. Негови главни оружја се брзината, агресивноста, одличниот преглед на играта и шутот за три поени.
 
Гравет е второто странско засилување за нашиот тим во пресрет на новата сезона, по продолжувањето на договорот со Феми Олуџоби. Тренерот Ѓорѓи Кочов во моментов на располагање има и шест македонски репрезентативци и тоа Дамјан Стојановски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ и Филип Бакоч, стои во соопштението на МЗТ Скопје.
 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе