Во понеделник ќе се знае името на новиот селектор

Александар Тодоров веќе не е селектор на Македонија

Александар Тодоров е минато, Перо Антиќ и Тодор Гечевски во понеделник ќе го промовиираат новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија. 

Македонија одигра добро на турнирот во Перм, но не ја оствари целта, пласман на Европското првенство.
 
Добрата слика и напредокот во играта не беа доволни за раководството на КФСМ да го продолжи договорот со Александар Тодоров, тие се одлучија за промена.
 
Конкретни информации за смената и новиот селектор нема, од федерацијата денеска имаше само известување дека во понеделник на прес-конференција ќе биде претставен новиот селектор на Македонија.
 
Се шпекулира дека одлуката паднала на српскиот стратег Драган Бајиќ кој со успех ја води Игокеа оваа сезона во АБА лигата.
 

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе