Инцидент за време на ЕП до 16 години

Албанец со нож ги нападна младите кошаркари на Србија во Удине!

Младите кошаркари на Србија имале непријатен момент во Удине каде што настапуваат на Европското првенство, Албанец со нож ги нападнал додека се шетале низ градот.

На Европското првенство во Удине за кошаркари под 16 години на кое настапува и Македонија, српските кошаркари доживеале непријатен инцидент.
 
Додека се шетале низ градот, Албанец со нож ги нападнал, за среќа нема повредени.
 
„Нашите деца добија половина час слободно време, излегоа од хотелот во Удинезе за малку да се прошетаат и опуштат коа наишле на еден Албанец на велосипед кој почна да ги навредува. Им зборуваше: „Не Србија, Косово - Албанија“. Момците со рака му покажа да се тргне. Тој не го направи тоа, туку почна погласно да им вика и да ги провоцира. Децата во тој момент се собраа околу капитенот. Тогаш тој Албанец се симна од велосипедот и почна да ги брка со нож. Момците толку се исплашија и избегаа во хотелот. Третманот на нашата репрезентација во Удине е очаен, судиите синоќа ни ја земаа победата, промаја дудва секаде во салата, не може да се игра и да се шутира. Децата синоќа плачеа поради поразот. Утре би требало да го играат одлучувачкиот меч за пласман на Европското првенство. Многу сме незадоволни од третманот“, изјави потпретседателот на Српската кошаркарска федерација, Игор Ракочевиќ.
 
Србија синоќа во четвртфиналето загуби од Шпанија со 72:71.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе