НБА

Ах само да го погодеше ова, луд обид на Дончиќ за победа на Далас во Чикаго (ВИДЕО)

Далас неочекувано загуби на гостувањето кај Чикаго со 109-107, Лука Дончиќ имаше луд обид за победа, со звукот на сирената шутна од половина терен но за малку промаши.

Утрово во НБА, фаворитите не беа на висината на задачата. Њујорк го изненанди Хјустон со 125-123, а Мајами славеше против Милвоки со 105-89.

Чикако исто така успеа да триумфира против Далас со 109-107. Без Порзингис и Кари, но со Лука Дончиќ назад во тимот, „маверикс“ имаа контрола над мечот се до средината на третата четвртина, потоа „булси“ го превзедоа водството и се влезе во драматина завршница.

Во последните секунди од натпреварот, Словенецот имаше луд обид за победа, шутна од половина терен со звукот на сирената, срцата на сите во „Јунајтед Центар“ за момент запреа, но тој за малку промаши.

Лука Дончиќ мечот го заврши со 23 поени, 5 скокови и 9 асистенции, но и прилично лош шут, особено од далечина (1 од 8 за три).

НБА резултати:

Кливленд - Јута 113:126
Њујорк - Хјустон 125:123
Орландо - Портланд 107:130
Атланта - Мемфис 88:127
Мајами - Милвоки 105:89
Чикаго - Далас 109:107
Сан Антонио - Индијана 111:116

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе