НБА

Адетокумбо со 47 поени го предводеше Милвоки до победа во Портланд, Торонто со 53 разлика го совлада Голден стејт (ВИДЕО)

Јанис Адетокумбо имаше фантастична партија во победата на Милвоки кај Портланд со 127-109, Торонто со 130-77 го прегазија Голден стејт, а имаа предност и од 61 поен разлика. 

Адетокумбо постигна 47 поени, имаше и 12 скокови, беше убедливо најдобриот поединец во победата на Милвоки на гостувањето кај Портланд. Втор најдобар во тимот беше Холидј кој постигна 22 поени, а имаше и десет асистенции. Кај Портланд, Лилард реализираше 32 поени.
 
 
Торонто пред дуелот со Голден стејт од последните 15 мечеви имаше дури 14 поразни, но синоќа одиграа неверојатна партија. Го победнија противникот со 53 разлика, а можеше да биде и поубедливо бидејќи имаа водство и од 61 поен.
 
Сиакакм со 36 поени беше најдобриот во Торонто, Тренет реализираше 24, Ануноби 21, во составот на Голден стејт најдобар беше Вигингс со 15 поени.
 
 
Резултати:
 
Торонто - Голден стејт 130:77
Бостон - Хјустон 118:102
Њујорк - Далас 86:99
Индијана - Шарлот 97:114
Мемфис - Минесота 120:108
Њу Орлеанс - Атланта 103:126
Јута - Чикаго 113:106
Феникс - Оклахома 140:103
Портланд - Милвоки 109:127
Сакраменто - ЛА Лејкерс 94:115

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе