НБА

Адетокумбо го исполни ветувањето од 2014, Милвоки стана шампион (ВИДЕО)

Јанис Адетокумбо со фантастична партија го предводеше Милвоки до победа од 105-98 над Феникс со што Бакс првпат по 50 години ја освоија НБА титулата. 

Милвоки со 4-2 ја доби финалната серија со Феникс и ја освои шампионската титула во НБА, првпат по 50 години.
 
Главната ѕвезда на Милвоки, Адетокумбо во 2014 година изјави дека нема да го напушти клубот додека не му ја донесе титулата, тој си отстоја на зборот и ја оствари таа цел.
 
Адетокумбо синоќа имаше брилијантна партија, ги постигна речиси половина од поените на неговиот тим. Милвоки даде 105 поени, а негови беа дури 50.
 
Тој беше прогласен за МВП во финалната серија.
 
Натпреварот беше изедначен, со нерешен резултат се влезе во последните 12 минути, но во нив Милвоки беше подобар и на крајот засужено дојде до победа од 105-98.
 
Адетокумбо покрај 50те поени, имаше  14 скокови, најдобар во составот на Феникс беше Крис Пол со 26 поени.
 

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе