МЗТ Скопје

Адем Мекиќ се врати во МЗТ Скопје

МЗТ Скопје продолжува да го крои тимот за следната сезона, ново засилување е Адем Мекиќ кој се враќа во Аеродром. 

„Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ (24 год, 197 см), во следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша едногодишен договор со актуелниот шампион.
 
Ова всушност значи негово враќање во тимот во кој ги направи речиси првите чекори на сениорската сцена. Мекиќ претходно беше дел од нашиот клуб во периодот помеѓу 2014 и 2017 година, кога настапуваше во елитната АБА-лига и во Еврокупот, а потоа одигра две сезони во Куманово и една во Пелистер. Тој за време на престојот во Аеродром се закити со три шампионски титули и два пехари во Купот на Македонија.
 
Ова е второ засилување за нашиот тим летово, по ангажманот на Филип Бакоч, а од минатата сезона ќе продолжат Дамјан Стојановски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко и Бојан Крстевски, заедно со тренерот Ѓорѓи Кочов, кој исто така го обнови договорот“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе