Во неизвесен натпревар Денвер со 130-128 го победи ЛА Клиперс по продолжение, мечот во регуларниот дел заврши 114:114.
Никола Јокиќ беше најдобар на теренот, запиша трипл-дабл со 49 поени, 14 скокови и 10 асистенции. Кај ЛА Клиперс најдобар беше Зубац со 32 поени и 10 скокови.
Блескаше и Лука Дончиќ кој со 41 поен и 14 скокови го предводеше Далас до победа над Торонто од 102:98.
Но, најефикасен на вечерта беше Ембид кој постигна 50 поени во победата на Филаделфија над Орландо од 123:110.
Резултати:
Филаделфија - Орландо 123:110
Вашингтон - Бруклин 118:119
Атланта - Минесота 134:122
Бостон - Шарлот 102:111
Мајами - Портланд 104:92
Чикаго - Кливленд 117:104
Милвоки - Мемфис 126:114
Далас - Торонто 102:98
Сан Антонио - Оклахома 118:98
Јута - Хјустон 111:116
Денвер - ЛА Клиперс 130:128
Сакраменто - Детроит 131:133
ЛА Лејкерс - Индијана 104:111