НБА

32 поени на Дончиќ не беа доволни за победа, Далас тргна со пораз во новата сезона (ВИДЕО)

Лука Дончиќ имаше одлична партија, но таа не беше доволна за да се избегне пораз од гостувањето кај Феникс каде Далас Загуби со 106-102, на своето ниво беше и Јокиќ кој реализираше трипл-дабл, но Денвер загуби по продолжение од Сакраменто. 

Далас со победа тргна во новата сезона, мечот во Феникс беше неизвесен речиси во целиот тек, а на крајот се радуваа домаќините.
 
Лука Дончиќ беше најдобар на теренот, постигна 32 поени, имаше и осум скокови и пет асистенции. Најдобар кај Феникс беше Букер со 22 поени.
 
 
Најинтересно вчера беше во Денвер каде Нагетс по продолжение загубија од Сакраменто со кош постигнат со допир во последната секунда. Бади Хилд реализираше и ја заврши драмата.
 
Никола Јокиќ постигна трипл-дабл со 29 поени, 15 скокови и 14 асистенции, Портер реализираше 24 поени. Во победничкиот тим Бади Хилд беше најдобар со 22 поени.
 
 
Резултати:
 
Кливленд - Шарлот 121:114
Индијана - Њујорк 121:107
Орландо - Мајами 113:107
Филаделфија - Вашингтон 113:107
Бостон - Милвоки 122:121
Торонто - Њу Орлеанс 99:113
Чикаго - Атланта 104:124
Мемфис - Сан Антонио 119:131
Минесота - Детроит 111:101
Денвер - Сакраменто 122:124
Портланд - Јута 100:120
Феникс - Далас 106:102

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе