НБА

14. победа по ред за Феникс, Лејкерс по продолжение ја совлада Индијана (ВИДЕО)

Феникс и на гостувањето кај Кливленд ја продолжи одличната форма, славеше со 120:115 и ја забележа 14. победа по ред, Лос Анџелес Лејкерс со триумф се враќа од Индијана откако по едно продолжение победи со 124:116. 

Сонцата од Феникс изгледаат незапирливо во овој дел од сезоната, синоќа падна и Кливленд кој го победија со 120:115.
 
Букер имаше одлична партија постигнувајќи 35 поени, Крис Пол реализираше 17 поени, имаше и 12 асистенции. Најдобар кај Кливленд беше Ален со 25 поени и 11 скокови.

Индијана успеа да дојде до израмнување во регуларниот дел од мечот против Лејкерс 112:112, но езерџиите беа подобри во продолжението и дојдоа до победа од 124:116.
 
Леброн Џејмс имаше моќна партија, постигна 39 поени, Вестбрук реализраше 20. Најдобар кај Индијана беше Брогдон со 28 поени.
 
 
Резултати:
 
Кливленд - Феникс 115:120
Индијана - ЛА Лејкерс 116:124
Орландо - Шарлот 99:106
Бостон - Бруклин 104:123
Хјустон - Чикаго 118:113
Мемфис - Торонто 113:126
Милвоки - Детроит 114:93
Минесота - Мајами 113:101
Њу Ореланс - Вашингтон 127:102
Оклахома - Јута 104:110
Сан Антонио - Атланта 106:124
Голден стејт - Филаделфија 116:96
Сакраменто - Портланд 125:121

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе