Ретко се гледа ваква пенал серија

Каква драма во Данска, Звезда по 22 пенали обезбеди плеј-оф во Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

Црвена звезда ќе игра против Јанг Бојс во плеј-офот од Лигата на шампионите откако вечерва ја доби пенал драмата против Копенхаген по дури 22 изведени удари од белата точка.

Шампионот на Србија на гостувањето во Данска се избори за реми од 1-1 и покрај тоа што долго време играше со играч помалку. Истиот резултат беше и на првиот меч во Белград, па пресметката отиде во продолженија. Мрежите мируваа и во додатните 30 минути, и патникот во плеј-офот мораше да биде решен преку пенали.

Во пенал рулетот се случуваше вистинска драма, тревата каде што беше белата точка беше прилично раскопана и оштетена, па дел од фудбалерите се избрукаа и биеа над голот. Беа изведени дури 22 удари, тоа значи дека и голманите шутираа, а Панков и Винд имаа по два обиди. Токму Винд беше трагичар и промаши при вториот шут, односно Борјан одбрани, па можеше да почне лудото славје на гостите.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе