„Каталонците“ имаа дилеми

Голема одлука пред Барса, да го купи Лаутаро за 111 милиони евра, или да одови 60 милиони за Вернер

„Каталонците" се во потрага на нов напаѓач како замена за Луис Суарез и раководството на клубот е пред голема одлука, дали да го ангажираат Лаутаро Мартинез од Интер за 111 милиони евра или Тимо Вернер од РБ Лајпциг за 60 милиони евра.

Барселона во последните неколку години повлече многу лоши потези на трансфер пазарот, по заминувањето на Нејмар, беа купени Филипе Кутињо и Осман Дембеле. Првиот не се снајде на Камп Ноу и беше испратен на позајмица во Баерн, а вториот мака мачи со повредите и повеќе време поминута надвор отколку на терените.

Луѓето кои се задолжени за нови засилувања ја „утнаа“ работата и во зимскиот преоден рок откако дозволија неколку играчи да заминат без да донесат замени, па Барса за дуелот со Реал Мадрид и „Ел класико“ сега на располагање има само 15 играчи од првиот тим.

Тие сега се пред нова голема одлука, односно да се најде долгорочна замена за Луис Суарез кој е под договор до 2021 година. Главна цел е Лаутаро Мартинез од Интер, кој подолго време е на агендата на Барса. Цената на Аргентинецот е 111 милиони евра и има неколку клубови кои се подготвени да ја платат оваа сума.

Но постои дилема, бидејќи атрактивна опција е и Тимо Вернер од РБ Лајпциг. Германецот може да биде купен за двојно помала сума, односно за 60 милиони евра. Исто така, тој оваа сезона има далеку подобри бројки од Лаутаро Мартинез односно, речиси два пати повеќе погодоци (27 наспроти 16) и речисти три пати повеќе асистенции (11 наспроти 4).

Лаутаро Мартинез сепак има една друга предност, Лео Меси лобира за негов ангажман, а зелено светло даде и Луис Суарез.

„Лаутаро е многу талентиран, второ година по ред игра на високо ниво во Серија А. Но играчите не носат одлуки. Јас две години велат дека треба да се донесе млад напаѓач кој ќе треба да се адаптира и да научи како да игра во Барса за да биде подготвен кога јас ќе заминам“ – изјави синоќа Луис Суарез.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе